До 2050-та година половина од светските плажи ќе исчезнат

Климатските промени се закануваат дека ќе ги уништат песочните плажи ширум светот како последица на глобалното загревање и топењето на мразот, а новото истражување проценува дека до крајот на овој век би можело да исчезнат дури половина од нив.

До 2050-та година, на само три децении отсега, крајбрежјата ќе станат непрепознатливи, а дури 14-15 отсто од плажите ќе претрпат сериозна ерозија, пишуваат од Си-ен-ен.

Иако количината на изгубените плажи ќе варира од локација до локација, новото истражување открива дека крајбрежјата во густо населените подрачја ќе го вклучи американското источно крајбрежје, јужна Азија и централна Европа.

Скапоцени плажи

Научниците од Здружениот истражувачки центар ЕК и Универзитетите во Шпанија, Португалија и Холандија, анализирале како зголеменото ниво на морето и интензивните невремиња во иднина би се одразиле на крајбрежјата.

Исто така тие ги зеле предвид и природните процеси како што се ерозијата и подземната геологија како и човечкиот фактор, изградбата на крајбрежја, брани и напори за зачувување на плажата.

Се очекува дека зголеменото ниво на морето ќе ги надмине другите варијабли, а колку што луѓето повеќе испраќаат штетни гасови во атмосферата тоа последиците по светските плажи ќе бидат полоши.

Тешко е да се процени вредноста која што токму тие ја имаат – плажите покриваат повеќе од третина од светските крајбрежја и се клучна тампон зона во заштитата на крајбрежните подрачја од надоаѓање на невреме.

„Постојат големи делови во светот акде што вредноста на песочните плажи не може да се процени во пари“ – истакнува Вусдукас.

Некои од најпопуларните плажи на светот веќе се борат против последиците на климатските промени.

Ерозија

Научниците укажуваат дека доколку градиме блиску до крајбрежјето ние ѝ пречиме на способноста на плажата да “се движи“ и ги запираме природните процеси кои му овозможуваат на песокот сам да се надополни.

Денес многу од плажите кои се соочуваат со сериозна ерозија се лоцирани во урбаните средини.

На пример, во Мајами Бич се носат над милион тони песок за да се дополни еродираното крајбрежје додека пак другите прават морски ѕидови за да го задржат драгоцениот песок на местото.

Трошоците на некои од тие проекти се огромни, а научниците укажуваат дека сето ова во текот на напредувањето на климатските промени може да се претвори во загубена битка.

- Реклама -