Во овие мрачни и магливи денови единственото за кое што мислиме е летото, а богами и морето во лето. Сите ние сакаме да се најдеме на некоја убава и нетипичнижа плажа, па затоа 365 ве води на едно од најубавите невообичаени места некогаш видени.
На неколку метри во внатрешноста на еден од островите Мариета се наоѓа скриената плажа Playa del Amor. Во превод значи – плажата на љубовта, а дури само по фотографиите може да се насети рајскиот мир и неверојатната убавина.
Единственото од ваков вид природно чудо е останато недопрени од човечки раце во текот на многу години. Оваа природно создадена дупка складира кристално чиста тиркизна вода, која се удира во белите брегови, скриени од целиот свет.
Иако плажата е веќе популарна, останува неизвалкана поради тешкиот пристап до неа, преку мал тунел, кој ја поврзува со Тихиот Океан. Посетителите треба да пливаат до овој рај, но бидејќи има околу шест метри простор помеѓу водата и карпестиот балдахин, тие немаат потреба од нуркачка опрема. Некои побогати посетители претпочитаат да бидат симнати до дното со хеликоптер.
Архипелагот Мариета е лоциран во близина на брегот на Порто Валерта, Мексико. Се смета дека тие се формирале пред векови од вулканска активност во регионот. После голем број истражувања и напори за правна заштита на архипелагот, научниците, предводени од Жак Кусто, успеваат да ги убедат властите во Мексико да ги прогласат островите Мариета за национален парк.
Така, тие се заштитени против лов, риболов и секакви други штетни човечки активности. Островите остануваат ненаселени и само овластените агенции носат со чамци туристи, за да ги видат природните чуда одблизу. Експлозиите и воените дејствија, извршени со децении, значително ги оштетиле флората и фауната на овој тропски рај. Според многумина токму тие се причината за создавањето на една од најпознатите неверојатни атракции – Playa del Amor.
Скриената плажа на Мексико е вистинско чудо на мајката природа. Таму времето е сончево 12 месеци во годината, но е најсоодветено за посета во зимските месеци. Тогаш дождовите на островот запираат и водата е чиста, убава и топла.