Плажа што постоела пред 33 години се врати преку ноќ

Исчезнатата плажа од пред повеќе од 30 години, се врати на полуостровот Achill Island (не е лош преводот) близу брегот на County Mayo во Ирска. Песокот на плажата бил „измиен“ од силните бури во 1984 година, зад себе оставајќи само голи карпи и камења. Но по една чудна плима околу Велигден годинава, плажата долга 300 метри е покриена со стотици тони песок.

Шон Молој, менаџер на локалното туристичко биро, вели дека локалците се воодушевени што повторно ја имаат плажата. Сеќавајќи на настаните од 1984 година, тој рече дека неколкуте силни бури ја уништиле плажата и целосно го однеле песокот. Тоа било и последниот пат кога островот на ова место имал песочна плажа. Но во април, околу Велигден, дувал силен ветер од север, и дувал подолго време. „Мора да донел песок од некое друго место“, вели Молој.

https://youtu.be/cTj_0laDzeo

Алан Гилти, сопственик на локален ресторан, вели дека пишман плажата сега привлекува уште повеќе туристи. „Ионака имаме прекрасно селце, но убаво е да се погледне надвор и да се види прекрасна плажа, наместо само карпи и камења. Откако луѓето ги слушнаа вестите за плажата, имаме многу повеќе посетители од внатрешноста на земјата“.

A еве како изгледала во март годинава.

- Реклама -