Платите ќе растат. Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување

Владата го утврди текстот на Предлог – закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот на РСМ во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

Осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија. Притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Исто така, Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

– Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа информација вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на двапати по 5 проценти, соопшти владината прес-служба.

- Реклама -