Џасмин Тридевил е нашиот нов јунак во категоријата „Луд, луд свет“ . Таа потрошила 20.000 долари на тоа да и „порасне“ трета града.
Операцијата ја направила пред пет месеци, по долга потрага по хирург кој ќе се нафати да го вгради ваквиот имплант. Тридевил вели дека контактирала дури 60-тина хирурзи, но секој од нив сметал дека таквата операција би била кршење на етичките правила.
На крајот, потрагата завршува успешно. Тридевил сега има три гради и полека напредува по скалилата на славата, што патем, е нејзиниот главен мотив. Таа работи како масерка на Флорида, а цели две години штедела за да собере доволно пари за операцијата, но и за да ја плати камерманската екипа што ја следи. Вели дека да се има три гради не е воопшто поразлично од вообичаеното, со исклучок на тоа што третата брадавица и е тетовирана.
„Мојот сон е да се појавам на MTV. Секој денар го вложувам во тоа и се надевам дека ќе успеам. Сакам да бидам славна и богата. Друга причина за она што го направив е тоа што вака ги одбивам мажите, затоа што и онака не сакав да излегувам“. Се разбира, подршка од родителите никогаш не добила, но се надева дека со време ќе ја прифатат нејзината одлука.
Сепак, по сите перипетии, нејзиниот сон е јаве, а минатиот месец објави видео во кое носи само бикини, со цел да се пофали со своите новитети.
Што да се каже… Барем има малку вкус за музика.