Шпанец и платил на видовита жена 212.000 долари, за да му ја врати старата љубов, па тој и провалил дома откако магиите се покажале неуспешни.
Поранешен менаџер на фудбалски клуб, платил неверојатни 212.000 долари на неименувана видовита жена, од шпанскиот град Магалон, за да ја врати неговата поранешна девојка.
Жената го убедила дека сигурно ќе успее да му ја врати љубената, но по неколку месеци, ништо не се случило, а несреќно заљубениот Шпанец, одлучил да ги земе работите во своите раце.
Тој провалил во куќата на жената и побарал да му бидат вратени парите назад. Таа повикала полиција, па така биле уапсени и тој и четворицата пријатели кои ги повел со себе. Ним им следува тужба за провала.