Перјата од кокошки многу скоро би можеле да се применуваат за производство на разградлива пластика. Оваа пластика би се разградувала сама по изминати шест месеци, тврдат научници од Вашингтон.
Перјата од кокошки многу скоро би можеле да се применуваат за производство на разградлива пластика. Оваа пластика би се разградувала сама по изминати шест месеци, тврдат научници од Вашингтон.
Хемичарот и истражувач Масуд Худа, кој работи во вашингтонскиот Институт за хортикултура, вели дека оваа пластика е на база на смола која се содржи во перјата на птиците. Тој заедно со истражувачот Валтер Шмит од Институтот за земјоделство дошол до идеја за искористување на пердувите. Така тие од пердуви произведувале хартија за уметнички слики, филтри за вода, термоизолациони материјали и друго. Според нив, пердувите се многу подобри од целулозата, бидејќи материјалите направени од пердуви имаат осум пати поголема издржливост.
По долги експерименти и истражувања, тие произвеле биопластика од која правеле саксии и друг вид на амбалажа. Во зависност од хемиската постапка и адитивите, оваа биопластика има период на саморазградување од шест до неколку години. Од оваа пердувеста пластика можат да се прават табли и други делови за автомобили и други уреди и машини. Според нив, можностите и примената на оваа пластика е речиси неограничена. Тие дури прават обид во нивните саксии од пердуви да вградат разни ѓубрива и заштитни средства кои саксијата ќе и ги дозира на билката. Шмит и Худа се надеваат дека овие саксии, како и други предмети од овој вид саморазградлива пластика ќе ги има на пазарот за една до две години.
Убаво. Еве уште еден обид да си ја сочуваме околината од “бесмртната” неразградлива отпадна пластика направена на база на нафта, која е насекаде околу нас.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР