Перуанскиот напаѓач Клаудио Пизаро влезе во историјата на Бундес лигата како странец со најмногу одиграни мечеви во елитното германско фудбалско натпреварување.
Пизаро синоќа влезе во игра како резерва на местото на Марио Манџукиќ, одигрувајќи го 337. натпревар во Бундес лигата. По Пизаро, втор на вечната листа на странци со најмногу настапи во германското првенство е Сергеј Барбарез (330), а потоа следуваат Оле Бјирнмосе (323), Деде (322), Хасан Салихамиџиќ (321), Давид Јаролим (318).
Клаудио Пизаро ја игра 13.сезона во Бундес-лигата, се прослави во дресот на Вердер, а првпат во Баерн Минхен дојде во 2001 година. Потоа замина и во Челзи, па повторно се врати во Вердер и повторно во Баерн М.