Дали некогаш сте отвориле шише пиво пред вашиот домашен миленик и сте посакале и тој да ви се придружи? Епа, не е важно дали вие сте посакале бидејќи една пивара од Холандија решила да го создаде првото пиво за кучиња.
„Пиво за кучиња“ е направено од специјална мешавина на екстракт од говедско месо и слад и тоа ќе им овозможи да го почувствуваат автентичниот вкус. Претставник на пиварата изјавил: „Ова е пиво за вашиот најдобар пријател. За големи кучиња препорачуваме по едно шише дневно, а за малите кучиња, тие претпочитаат помали чаши“.
Пивото нормално е безалкохолно. Оваа недела, кога производот бил претставен во Полска, Виктор Пиотровски бил еден од првите кои го купиле овој пијалок за својот миленик. Откако споделил пијалак со својот најдобар пријател тој додал: „Моето куче го обожува. Сега кога ќе одиме на прошетка, двајцата можеме да наминеме во пабот“. [New ‘dog only’ beer hits shelves]