Ако ве носи патот накај Белград, донесете нешто наваму и ние да пробаме.
Имено, во Белград се одржува Вториот фестивал на чоколадото. Минатата година имало околу 15.000 посетители, а годинава се очекуваат и повеќе. Фестивалот Излагачи има од повеќе земји, а богами имаат и што да покажат.
Чоколадо со тартуфи, чоколадо со лути пиперки, со бибер, со суво овошје, чоколадна супа, чоколадно пиво, чоколадна фонтана, се само дел од десертите што посетителите ќе имаат прилика да ги пробаат.
Фестивалот трае од денес (7 декември) до недела (9 декември).
Ако сте и вие страсен фан на чоколадото, задолжително ѕирнете го видеово и фотографииве во продолжение:
А еве дел од „атмосферата“ на ланскиот (извор: LETS PACK TEDDY):