Пиварата Корона до потрошувачите: Знаете дека немаме врска со коронавируcoт, така?

Corona Extra, пиварата која го произведува популарното мексиканско пиво Corona, има доверба во своите потрошувачи дека не го поврзуваат коронавирусот во Кина со нивното пиво, вели претставничката на компанијата Меги Боуман во изјава за „Бизнис инсајдер“.

Ваквата реакција на компанијата доаѓа откако трендовите на пребарувања, според Google Trends, покажуваат дека, поради сличноста во името, во периодот од 18 до 26 јануари за 2.300% пораснал бројот на пребарувања за терминот „corona beer virus“ на глобално ниво. Пребарувањата за „beer virus“, конкретно, пораснале за 744%, додека за „beer coronavirus“ пораснале за дури 3.233%.

„Веруваме, и тоа силно, дека потрошувачите разбираат дека нема поврзаност меѓу вирусот и нашиот бизнис“, вели Боуман.

Иако бројките делуваат пopaзително, важно е да се истакне дека пребарувачкиот енџин на Google е програмиран автоматски да сугерира пребарувања врз основа на популарноста, што значи дека колку повеќе се пребаруваат „коpoна“ и „пиво“ во еден израз, толку почесто Google и ќе ги предложува, пишува „Бизнис инсајдер“.

Инаку, „corona“ на латински значи „круна“. Зборот е ист и го има истото значење и во шпанскиот јазик.

- Реклама -