Како една од најважните стратешки определби до 2025-та година, Пивара Скопје продолжува да ја остварува визијата да стане 24/7 партнер на купувачите и консументите во категоријата пијалаци. Овојпат, тој чекор напред е проширувањето на понудата од нивното портфолио со производите на Campari Group.
Со ова, како ексклузивен увозник и дистрибутер, Пивара Скопје ја започнува продажбата на светски познатите брендови Aperol, Campari, Bulldog, Bickens, Cinzano, Ouzo 12, SKYY и Wild Turkey.
Campari Group располага со портфолио од над 50 премиум и супер премиум брендови кои се дистрибуираат во повеќе од 190 земји ширум светот и е глобално познат бренд кој ја дели визијата и страста за квалитет, иновации и врвна услуга.
Ова партнерство oвозможува повеќе опции за купувачите и консументите, со фокус на обезбедување на комплетен асортиман на пијалаци за секоја пригода во текот на денот.
„Нашата визија е да станеме водечки партнер за пијалоци 24/7 и континуирано го развиваме нашето портфолио за да создадеме уникатни искуства за нашите купувачи и потрошувачи 24 часа на ден. Возбуден сум што можам да го објавам почетокот на нашата соработка со Campari Group, чии брендови, како Aperol, имаат голем потенцијал во нашиот регион и се целосно комплементарни со нашето постоечко портфолио на врвни пијалаци. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да создаваме дополнителна вредност за сите партнери на Пивара Скопје“, изјави Горан Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје.
Со проширувањето на портфолиото, Пивара Скопје дополнително ја зајакнува позицијата на нивните брендови, како прв избор за премиум квалитетно искуство, и продолжува да испорачува најдобар квалитет, додека истовремено создава дополнителна вредност на нивните партнери.
* Комерцијален текст