За штрудлата, односно тестото лесно да се испече и внатрешноста да не остане „мокра“, односно сирова, немојте да ставате премногу кечап, туку премачкајте со тенок слој.Состојки:
500 г. пченично брашно
250 г. маргарин
300 г. ситно сирење
1 лажичка сол
300 г. шунка во парчиња
200 г. кашкавал
150 мл. кечап
150 г. маринирани печурки.
оригано
1 јајце
Подготовка
Во чинија ставете брашно, маргарин, ситно сирење и сол и направете лесно тесто. Оставете го тестото во ладилникот околу половина час да се олади. Во чинијата изрендајте ги шунката и кашкавалот, нанесете оригано, додадете кечап и промешајте. Тестото исечете го на тенки листови, премачкајте го со смесата, внимателно затворете ги краевите да не се истури во тепсијата. Премачкајте со изматено јајце и ставете во рерна загреана на 200 степени околу половина час.