Пица-багет за мрзливи кркачи

1_1454070820[1]

Дечките од Tasty Meals имаат предлог рецепт за брза, ама максимално вкусна пица. Нема потреба да месите тесто – оваа функционира на основа на багет.

Потребни ви се:

• 1 багет
• 1/2 тегла пица-сос
• 200 грама моцарела или кашкавал
• 10-15 парчиња кулен/шунка/феферони или што и да е вашата омилена состојка – простор за импровизација има колку сакате

Подготовка:

Исечете долга правоаголна бразда на горната страна на багетот и делумно отстранете ја содржината. На дното на исечената бразда ставете ја моцарелата/кашкавалот, озгора посипете пица-сос, па додајте уште еден слој сирење/кашкавал, а потоа наредете го куленот и подвиткајте ги рабовите во внатрешноста на лебот.

Печете 25 минути на температура од 175 степени.

- Реклама -