Многу пред да биде Тирион Ланистер од Game of Thrones, Питер Динклиџ беше член на панк/рап/фанк бенд од средината на 90-тите, наречен Whizzy. Имаше улога на ко-фронтмен, ама свиреше и на корнет (многу сличен инструмент на труба).
Видео од нивните настапи тешко дека ќе најдете, ама со стихови како „when the show is over and my rhymes are through, I head to the kitchen ’cause I need some food“ може баш и не е така голема штета. Барем имаме колекција од ретки фотографии, за утеха.