Несреќниот „Титаник“ кој потона пред сто години на своето прво патување, веќе еден век не престанува да ги интересира луѓето. Дел од таа приказна се наоѓа во последното сочувано писмо за кое се верува дека е напишано на палубата на „Титаник“, а за кое се очекува на аукција да достигне цена од 100.000 фунти.
Автор на писмото е Естер Харт, жена која ја преживеала трагедијата, како патник од втората класа на „Титаник“, заедно со седумгодишната ќерка Ева.
Писмото е напишано неколку часа пред да удри Титаник во ледот, 14 април 1912, попладнето. Во трагедијата животот го загубиле 1.500 патници, меѓу кои и нејзиниот сопруг Бенџамин Харт.
Писмото останало во џебот од палтото на нејзиниот сопруг, а се нашло кај преживеаната бидејќи нејзиниот сопруг и го дал сакото, за да не и биде ладно за време на несреќата.
Писмото е напишано на специјална хартија, со ознака „ На палубата RMS -Tитаник“, а на аукција ќе биде изнесено заедно со пликото означено со знаме со бела ѕвезда, симбол на компанијата „Uajt star”, која го поседувала бродот.
Госпоѓа Харт во писмото пишува за својата здравствена состојба:
„ Драга мајко. Како што гледаш во моментов е недела попладне и се одморам после лесниот ручек. Вчера цел ден се чувствував лошо, така што не можев ни да јадам, ни да пијам, и сето време ми беше мачно, но денеска е подобро“.
Понатаму пишува како со ќерката била на неделна служба во бродската црква, а потоа го опишува текот на патувањето.
„ Иако велат дека овој брод не е убав, поради неговата големина, мене доволно ве воодушеви и никогаш нема да го заборавам. Времето е многу убаво, но иако е ладно и ветровито. Велат дека би можеле да стигнеме во Њујорк во вторник, но всушност треба да стигнеме во среда рано наутро, така што ќе ви пишам кога ќе бидам таму“.
Писмото требало да биде испорачано на нејзината мајка во Есекс, кога бродот ќе се врати во Sauthempton, но поради трагичниот настан никогаш не било испратено.
Госпоѓа Харт и нејзината ќерка Ева, која починала во 1996 година, како една од најпознатите преживеани од „Титаник“ биле меѓу оние кои имале среќа.
Заедно со писмото, на аукцијата ќе се најде и биографијата на Ева, во која овој среќен момент кога го пронашла писмото во џебот на својот татко, кој во текот на несреќата и го подал на сопругата за да и биде потопло.
Аукционерот Ендрју Олдриж, кој го изнесува писмото на аукција во името на својата аукциска куќа „Oldridž end san”, тврди дека овој предмет не може да биде преценет, со оглед на тоа дека се работи за единствен сочуван предмет од тој вид, кој е напишан на денот на несреќата.