Осудениот дилер Исус Ел Реј Замбада, на сведочењето против озлогласениот мексикански наркобос, презентираше фотографии од накитот и легендарниот дијамантски пиштол на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман Лоера.
Сведокот – кој работел за картелот, тврди дека кралот на дрогата бил горд на своето оружје, посебно на својот омилен црн Colt 38, чија рачка е обложена со дијаманти, а врз нив се изгравирани иницијалите „JGL“ (од Joaquín Guzmán Loera).
На „Ел Чапо“ му се суди за трговија со дрога и раководење на еден од најмоќните картели на светот. Додека беше на слобода, Ел Чапо го штителе меѓу 30 и 40 вооружени чувари, пренесува El Universal.
Одбраната на Ел Чапо тврди дека Замбада и останатите поранешни соработници лажно сведочат против Гузман само зашто им биле ветени намалувања на нивните кривични дела.