„Прифаќањето на цивили од Авганистан, од страна на нашата земја, е хуман и солидарен гест и е дел од меѓународна хуманитарна акција која ќе се спроведува деновиве“, порача на Фејсбук Уранија Пировска – извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Таа предупредува дека во претстојниот период, токму поради спроведувањето на хуманитарната акција, напливот на лажни вести ќе биде зголемен и со тоа ќе се зголеми и, според Пировска, нивото на ксенофобични испади.
„Сето ова се случува во период пред избори и сѐ ќе биде пуштено на најјако, што е нешто што многу пати до сега сме го виделе. Не подлегнувајте на лажни вести и имајте на ум дека за спасување на човечки животи се работи!“, порача Пировска.