Гробниците кои беа откриени во Египет се доказ дека големите пирамиди не биле градени од робови, туку од слободни работници.
Гробниците кои беа откриени во Египет се доказ дека големите пирамиди не биле градени од робови, туку од слободни работници.
Откривањето на неколкуте гробови кои им припаѓале на работниците кои ги граделе пирамидите фрла светло врз тоа како тие живееле и се хранеле пред повеќе од 4.000 години. Тие покажаа дека илјадниците мажи кои учествувале во градењето на најпознатите древни градби редовно јаделе месо и работеле на смени, тие исто така биле почитувани и погребувани во сенката на светите пирамиди врз кои работеле, доколку починале за време на изградбата.
Според Захи Хавас, директорот на Египетскиот врховен совет за старини, откритието на гробовите е значајно бидејќи докажува дека пирамидите не биле градени од робови, туку од слободни работници. „Овие гробови биле изградени покрај пирамидата на владетелот, што покажува дека овие луѓе не биле робови во никоја смисла. Доколку тие биле робови, не би постоела можност нивните гробници да бидат изградени покрај нивниот владетел.“ Тој додаде дека археолошкиот доказ на локацијата покажува дека армија од 10.000 силни работници јаделе 21 бик и 23 овци на ден, кои им ги испраќале селаните.
Првите гробови биле откриени на истото место во 1990-тите, а ова откритие дава нова слика за животот на градителите на пирамидите. [Tomb discovery helps solve ancient slavery riddle of the pyramids]