Pio Leyva почина на 88 години

Pio LeyvaВокалистот Pio Leyva, еден од членовите на легендарните Buena Vista Social Club, почина на 88 годинишна возраст од природна смрт, објави неговата фамилија.

 

pioleyva

  

Вокалистот Pio
Leyva
, еден од членовите на легендарните Buena Vista Social Club,
почина на 88 годинишна возраст од природна смрт, објави неговата
фамилија.

Роден на 5 Мај, 1917 година во источната провинција Camaguey, Leyva почина од срцев удар минатата ноќ.


Победник на натпревар во бонго на само шест години, ја продолжува својата кариера со најголемите кубански легенди како што се Beny More и Bebo Valdes.

Leyva се има појавено на преку 25 албуми.

Неговата работа со Compay Segundo, можеби најпознатиот член на Buena Vista Social Club, датира уште од раните 50-ти. Повторна средба имале во доцните 90-ти, за време на снимањето на еден од највлијателните албуми на сите времиња, Buena Vista Social Club.
 

 

- Реклама -