Пинк Пантер торта

Јагодите и малините сега може да се најдат секаде. Искористете ги во најубавата форма. Подгответе торта.

Состојки:

За кора

4 јајца
3 лажици топла вода
100г шеќер
1 ванилин шеќер
50г мед
100г брашно
2 лажици прашок за пециво
100г мелени бадеми

За фил

500г јагоди или малини
400мл слатка павлака
500г крем сирење
100г мед
1 ванилин шеќер
цимет
150г бела чоколада

За прелив

1 кесичка прелив за торта со вкус на јагода или малина

Подготовка

Цврсто сматете ги белките со шеќерот, медот и ванилиниот шеќер, па додавајте една по една жолчка и три лажици вода, а на крајот додајте ги бадемите и брашното измешано со прашокот за пециво. Од оваа смеса испечете две тенки кори во плех подмачкан со зејтин и брашно. Корите печете ги на 180 степени околу 10 минути.

Додека корите се ладат сматете ја павлаката и соединете ја со крем сирењето во кој претходно сте ги додале медот, ванилиниот шеќер, циметот и стопената бела чоколада.

Првата кора премачкајте ја со филот, распоредете го ситно исецканото овошје, одозгора повторно нанесете фил, поклопете со кора и на ист начин исфилувајте ја.

Тортата ставете ја во фрижидер добро да се олади, а пред да ја послужите прелијте ја со готов прелив од јагоди или малини.

Добар апетит!

- Реклама -