Во вторник на 16 јули, во „Котур Кафе и Филм“, ќе биде изведенатеатарска претстава „ПИНГВИНОТ“ во продукција на Театар „Златен Елец“ – Скопје, во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“
Претставата е авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. Концепт и режија на Тамара Стојаноска а игра Лео Поповиќ.
„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сé уште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје.