Германската полиција открила важна индикација во домот на копилотот Андреас Лубиц, кој се смета за виновник за несреќата на авионот на компанијата Germanwings, пишува весникот „Дејли мејл“.
Детективите изјавиле дека дошле до важно откритие за време на четиричасовниот претрес на неговиот стан, но дека тоа не и става крај на истрагата.
„Синоќа полицијата изврши претрес во домот на семејство Лубиц во малото гратче северно од Франкфурт и во неговиот стан во Дизелдорф, запленети се компјутери, лаптопи и други материјали”, наведува весникот.
Пилотот живеел во неговиот стан, но повремено и во куќата на своите родители.
„Откривме нешто што ќе биде итно доставено на испитување. Сега не можеме да кажеме што е тоа, но тоа може да биде многу важен клуч за она што се случило.”, изјавија од полицијата.
„Дејли мејл” наведува дека пилотот бил во период на депресија. Вкупно година и половина тој посетувал психијатар, пишува германскиот таблоид Bild, повикувајќи се на извори во Lufthansa – компанијата мајка на Germanwings. Неговите најблиски велат дека бил многу почитуван и одговорен и не веруваат дека тој можел да причини катастрофа од вакви размери.
Лубиц ги прекинал студиите неколку месеци. Bild тврди дека причината за ова биле психичките проблеми кај копилотот. Според весникот, поради депресијата тој имал проблеми со учењето во училиштето на Lufthansa во Феникс, САД, дури и привремено бил класифициран како неспособен за летање. Во неговото досие во федералната управување за цивилна заштита имало забелешка дека му се потребни „специјални и редовни медицински прегледи.“ Истата забелешка фигурира и во неговата лиценца за пилот. Но и покрај тоа службите тврдат дека тој на последните психолошки тестови покажал способност да лета.
Инспекторите сметаат дека вината за несреќата на 24 март е на Андреас Лубиц, кој бил сам во кабината, откако неговиот колега излегол за да изврши нужда. Лубиц ја заклучил пилотската кабина, за да го спречи пилотот потоа да влезе внатре. Пилотот најпрво го молел да ја отвори вратата а потоа се обидел и да ја разбие. Сепак, се се лучувало премногу брзо, а Лубиц веќе запопочнал да ја намалува висината и најпосле да се урне на француските Алпи.
Еве и краток приказ за тоа како се одвивале настаните.
16 тинејџери, две бебиња и татко на две деца: Жртвите на несреќниот лет на германскиот авион
Главниот извршен директор на Germanwings Томас Винкелман изјави дека оние кои загинале биле од најмалку 13 различни земји. За 72 германски државјани и 49 луѓе од Шпанија засега е потврдено дека биле на листата на патници во авионот.
Конфузијата околу бројот на патници и земјите од кои што потекнуваат, настана поради тоа што дел од нив имале двојно државјанство.
Вкупно 150 лица го загубија животот во оваа несреќа.