Рецепт за неделен ручек, кој не одзема многу време за подготовка. Овој рецепт за пилешко месо, маринирано во сок од портокал и мед и бадеми, е пример како со едноставни продукти, можете да бидете креативни во приготвувањето на неделниот ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:
300 гр. пилешко филе
3 лажици мед
2 лажици сок од портокал
2 лажици маслиново масло
60 гр. излупени сурови бадеми
малку црвен пипер
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер и во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа.
Така натопени во сосот, ставете ги во тава која предходно ќе ја покриете со алуминиумска фолија.
Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на покрупни парчиња. Покрите ја тавата со алуминиумска фолија. Пилешкото се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и печете уште 10 минути, додека бадемите заруменеат.
Можете да го послужите со едноставен бел ориз, или салата по вкус.