Пилешко во сос од крем сирење

Пилешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.

Состојки:

500г пилешки шницли
100г солени крекери
2 лажици пармезан
100 мл супа
200г крем сирење
3 чешниња лук
1 лажичка сецкан магдонос
сол
бибер

Подготовка:

Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото.

Совет:

Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.

- Реклама -