Пилешко со брусница

Интересен рецепт, за кој веројатно не сте слушнале.

За 4 лица: 4 пилешки филети (секое околу 180 грама), 800 г. компири, главица кромид, 100 мл + 2 лажици масло, лажичка сенф, 250 мл. супа од зеленчук, 8 лажици овошен оцет, 175 г. камембер сирење, 50 г. + 8 лажички мармалад од брусница, 3 јајца, 300 г. презла, 3 лажици брашно, 50 г. ореви, 50 г. зелена салата, сол и бибер.

1. Во зовриена вода сварете ги компирите со лушпа. Во тавче загрејте две лажици масло, пропржете го ситно сецканиот кромид, измешајте сенф, а потоа сипете ги супата и оцетот. Поклопете го садот, гответе пет минути и оладете.

2. Излупете го компирот, измијте го со студена вода, исечете го на кришки, пречејте со смесата од тавчето во првата постапка и оставете на страна 60 минути. Месото преполовете го во должина и истолчете го. Кромидот и камберот исечете ги на осум тенки парчиња.

3. Секој филет посолете го и побиберете, премачкајте со лажичка мармалад од брусница, сравете кришка камембер и внимателно ролајте. Краевите на месото преклопете ги кон средината, за содржината да не испадне во текот на печењето.

4. Пилешкото препелкајте го во брашното, изматените јајца и презлата и уште еднаш во јајцата и презлата, а потоа испржете го во тавче. Наредете го во огноотпорна чинија и печете во рерна на 180 степени околу 10 минути. Испечете ги оревите, крупно исецкајте ги, помешајте со иситнетата салата и распоредете врз компирот.

15

- Реклама -