Пијано кое зборува (видео)

piano_that_talksПетер Аблингер е роден во Австрија, 1959 година. Тој е графички артист, џез студент и композитор со многу дела. Неговата мисија е да ја истражува природата на звукот, времето и просторот – компоненти кои се централни за музиката. Оттука, неверојатното пијано кое зборува.

Со овој проект тој оди над нотите, над буката, над композицијата и прави неговото пијано да зборува. Да, пијаното зборува!

Она што го направил е навистина неверојатно. Петер го анализирал спектрумот на фрекфенции на детски глас користејќи фориер анализи, а потоа го пренел овој спректрум фрекфенции во софтверот на неговиот компјутер.

Потоа, креирал механички „ауто плеер“ за неговото пијано кое свири преки midi компјутерски команди. Неговиот софтвер понатаму доделува дирки на различни фрекфенции според фориер трансформацијата, и ги користи нотите од пијаното за повторно да го склопи спектрумот.

Резултатот е нешто што досега не сте виделе – пијано кое „свири“ глас, нешто налик на вокодер. Очигледно не е перфектно, но ако се сконцентрирате и ги следите зборовите, јасно е дека пијаното „зборува“.

Гласот е позајмен од Миро Маркус, ученик од основно училиште во Берлин кој го читаше текстот за „Младината како надеж за постарите генерации“. Погледнете го видеото подолу!

{youtube}muCPjK4nGY4{/youtube}

- Реклама -