Пијан возач е секогаш опасност (и за себе), ама пијан возач во спротивна насока на автопат е речиси гарантирана несреќа и недолжна жртва.
Снимкава е од една таква ситуација на автопатот М4 во близина на Рединг во Велика Британија, но со среќен крај, целосно по заслуга на неверојатно ладнокрвниот и прецизен маневар на полицијата. Погледнете:
Според полицискиот извештај, возачот имал четири пати поголема концентрација на алкохол во крвта од дозволеното.