Полицијата на Нов Зеланд стопирала гол велосипедист и го казнила бидејќи не носел заштитна кацига.
Полицијата рекла дека не е проблем тоа што немал облека и конзумирал алкохол, туку што не ги почитувал правилата на градот Тимару.
Стариот полициски наредник Рандел Тикитики изјавил дека мажот не е обвинет поради недоличното однесување, бидејќи тоа зависи од она „што се гледа“.
Иако велосипедистот бил под влијание на алкохол, портпаролката на новозеландската агенција за транспорт вели дека не постои закон кој го ограничува конзумирањето на алкохол, кога станува збор за велосипед.
Сепак, мажот би можел да биде обвинет за неодговорно користење на превозно средство.