Мрсната храна и високите температури се комбинација која не смеете да си ја дозволите доколку сакате да го избегнете чувството на умор, омалаксаност и потешкотии во стомакот. Но, доколку веќе сте ја направите оваа грешка, и се чувствувате лошо, пијалокот кој ви го прикажуваме во продолжение ќе ви помогне при прочистувањето на вашите црева.
Потребни состојки:
– ½ литар вода
– 1 грејпфрут
– 2 големи моркови
– 1 краставица
– Две парчиња рендан ѓумбир
– 5 листови нане
Начин на подготовка:
Излупете ја кората од грејпфрутот, морковот и краставицата и исечете се на парчиња. Ставете ги во блендер и мешајте на најситно. Додадете вода, ѓумбир и повторно исмешајте сè одеднаш. На крајот додадете ги и листовите нане.
Совет:
Подготвениот пијалок консумирајте го два пати на ден по можност во утринските часови и пред ручекот.