Петте најскапи кафиња во светот

Претпоставувам дека многумина не можат да го замислат денот доколку не го започнат со убаво црно кафе.

Кафето денес е составен дел од нашите животи. Зборот кафе доаѓа од латинскиот јазик (лат. coffea), доколку не сте знаеле кафето е ниско растение (дрво или грмушка) од семејството на rubiaceae.

Одгледуванотo стебло на кафе може да порасне во висина од 2 до 5 метри и доколку се остави во дивината, ќе порасне и над 10 метри.

Постојат два главни вида кафе: Арабика – традиционално кафе, кое опфаќа две третини од светското производство на кафе, и кафето Робуста, кое има силна арома и најчесто се користи за производство на инстант кафе.

Ова се петте најскапи видови на кафе во светот:

1.  ФАЗЕНДА САНТА ИНЕС КАФЕ

На прво место е кафето Фазенда Санта Инес, за кое треба да издвоите околу 110 американски долари за 1 килограм. Инаку, самиот Бразил има долга и реномирана историја на производство на најквалитетно кафе и ова кафе не е исклучок, бидејќи тоа е најквалитетно кафе што доаѓа од таму. Ова високо квалитетно рачно изработено кафе е познато по својата арома на агруми и нежна текстура. Ова  кафе е со шмек на чоколада и најчесто се служи кремасто.

2. СВ. ЕЛЕНА КАФЕ

Ова кафе се продава за 190 долари и ќе добиете 1 килограм кафе за оваа цена. Света Елена е мал, ридско суптропски остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан. Кафето се одгледува тука од 1733 година, а во текот на последните 10 години, кафето Света Елена стана добро познато меѓу љубителите на кафе по својот уникатен квалитет. Само природно ѓубриво се користи за одгледување, кое не смее да содржи неоргански супстанции од концентрат дадени на животни како додаток. Кафето се мие и сè уште се третира во чиста изворска вода што извира од една од планините на островот.

3. Кафето Финка Ел Инхерто

Доаѓа од регионот Хуехетенанга на Гватемала и има цена од 603 долари за килограм. Кафето се одгледува во Гватемала уште од почетокот на 18 век. Еден од најпопуларните региони за одгледување е Кобан, познат по својата облачна и дождлива клима, за која многумина веруваат дека е клучен фактор за неговиот неверојатен вкус. Ел Инхерто кафето е едно од најнаградуваните во светот.

4. ХАЦИЕНДА ЛА ЕСЕМЕРАЛДА КАФЕ ОД БОКУЕТА, ПАНАМА

Кафето Хациенда Ла Есмералда чини околу 770 долари за килограм. Сопствениците се горди на своите зрели црени плодови кои рачно се собираат. Кафето минува низ многу строги контроли секојдневно и сите зрна кои се зелени се фрлаат. Кафето е познато по тоа што е малку печено,е со светло кафеава боја, без маснотии на зрната и со зачинет мирис.

5. Кафето Копи Лувак од Индоноезија

Цената на кафето „Копи Лувак“ е 320 долари, која се продава во САД, додека во Јапонија е многу поскапа и достигнува цена од 1.200 американски долари. Кафето го носи името на цицачите наречени „Лувак“ кои живеат на дрвја и јадат црвено, зрело кафе. Тие јадат цели плодови, со сите семиња кафе и се подложени на хемиски процеси и ферментација низ нивниот дигестивен тракт. Сепак, недопрените зрна кафе потоа се собираат од измет на ова животно слично на дива мачка, се прочистува и потоа се пржи како и секое друго кафе.

 

- Реклама -