Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа која би била улогата на Комисијата за трговските ознаки што произлегува од Договорот од Преспа, од моментот кога е веќе промовирано грчкото лого за грчките производи. Тој изјави дека комисијата има да направи многу работи, бидејќи ознаките не се однесуваат само на „македонски, македонска, македонско од страна на нашата Македонија“, туку е поврзано и со обврските што ги има Владата на Северна Македонија.
–„Комисијата има многу работи да направи, ознаките не се однесуваат само на прашањата на промоција и гарантирање на македонски, македонска, македонско од страна на нашата Македонија, туку е поврзано и со обврските што ги има Владата на Северна Македонија да се прилагоди на Договорот од Преспа и сразмерно се многу повеќе“, објасни портпаролот на грчката Влада.
На прашањето кој е одговорот на Атина на ставот дека промовираната трговска ознака „можеби и не е во духот на Договорот од Преспа“ и е еднострано дејство од грчка страна, Пецас, без да даде директен одговор, рече дека целта на Грција е да не се создава збрка и на потрошувачите на светскиот пазар да им биде јасно потеклото на грчките производи.
Повеќе ТУКА.