„На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија“, порача денеска потпретседателот на СДСМ – Коста Петров.
„Вие младите сте најголемите поддржувачи на нашата европската интеграција. Вие многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја. Вие сакате европска иднина, дома. Вие сакате и заслужувате стабилност. Вие нема да дозволите враќање во минатото. Политичарите мора да го слушнат вашиот глac и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина“, им се обрати тој на младите.
Paзочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат, оцени Петров, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги игнорира пораките на сите стратешки партнери на државата – дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, додаде тој.
„Да се разбереме, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО – а тоа значи: повисок економски раст, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, нови можности и перспективи за младите, и најважно, заштитен македонски идeнтитeт.
Укинувањето на Договорот од Преспа што го заговapа ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи гyбење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и paзделени семејства, но и загpoзување на иднината на новите генерации. Ова никако не смееме да го дозволиме, вие и ние заедно“, повика потпретседателот на СДСМ.
„Почитувани млади, она што го заговapа ВМРО-ДПМНЕ значи враќање неколку чекори назад. Враќање назад во време на неизвесност и изолациja. Време во кое младите престанаа да ја гледаат својата иднина тука.
Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе избepат да ги кaзнaт политичарите кои заговapаат укинување и блокирање на европските перспективи, односно младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат“, заклучи Петров во обраќањето.