Петиција против проектот за спомен дом на Мајка Тереза

vest-majka-tereza-pПричината поради која го објавуваме овој текст е срамната одлука на
жири комисијата од Министерството за култура да додели прва награда на
диа Вангел Божиновски за неговиот проект за спомен дом на Мајка Тереза.


Министерството за култура со Решение број 32 4819/1 од 18.05.2007 година

Комисијата за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение за објектот Спомен куќа "Мајка Тереза" нa Повторниот Меѓународен Конкурс 5/07 за "Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решение за објект – Спомен куќа "Мајка Тереза"во Скопје во состав:
проф. др.Јасмина Хаџиева,диа, председател и членови др Јован Стефановски – Жан, диа, Angelo Molfetta, диа , Анета Тановска, диа, Билјана Филиповска, диа, Тихомир Арсовски, диа, Антон Серечи новинар, Стојан Тренчевски новонар, мр Елизабета Канческа Милевска, Нермин Адеми, мр по економски науки, Авни Халими, шеф на кабинет, Лидија Лазарова, дипл. правник, Драги Стојановски дип.инж, технолог.
Комисијата за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение за објектот Спомен куќа "Мајка Тереза" во Скопје , ги разгледа и валоризира пристигнатите 6 (шест) труда и врз основа на критериумите од расписот на Конкурсот ја донесе следната одлука:
да додели прва наградa во нето износ од 300 000 денари на трудот со работна шифра 001.
Првонаграден труд
1.Трудот со работна шифра 001
Шифра: PR 333
Автори: Вангел Божиновски, диа и Слободан Арсовски, диа

vest-majka-tereza

Кликни за да зголемиш

 

Причината поради која го објавуваме овој текст е срамната одлука на жири комисијата од Министерството за култура да додели прва награда на диа Вангел Божиновски за неговиот проект за спомен дом на Мајка Тереза.

Тоа го правиме од две причини:

1.       Условите во кои се заврши целата постапка
2.       Лошиот квалитет на првонаградениот труд           

Ќе се потрудиме да ги образложиме и двете.

Условите за тоа како се одвиваше целата постапка при изборот на решението беа следниве: Беше распишан првиот конкурс за изработка на решение за спомен дом на Мајка Тереза. На конкурсот беа пријавени повеќе трудови од различни автори и на тој конкурс беа наградени следниве автори:
Awarded works:

                        1.First award Work with working code 002
                        Author Jorge Marum
                        Code AG 213
                        2. Second Award – Work with working code 003
                        Code А 1280
                        Author – Andrijana Jovanovik – Savik
                        3. Third award Work with working code 010
                        Code АC 339
                        Author – Carlos Diaz I Luic Gomis

                     
Во прилог следуваат извадоци од официјалниот каталог издаден во Мај, непосредно по завршувањето на првиот конкурс. Во него јасно се образложени ставовите на жири комисијата за секој од пристигнатите трудови.
 

1_nagrada
Кликни за да зголемиш

vangel_bozinovski

По ова, министерството за култура распишува втор конкурс со нови услови и овојпат право на учество имаат само првонаградените од првиот конкурс и оние архитекти кои во последните три години добиле награда за проект на објект од музејски и монументален карактер или изградиле таков објект.

Како што се гледа, на првиот конкурс, сега првонаградениот на повторениот конкурс, Вангел Божиновски не добил никаква награда, а неговиот труд не беше ни во оние проекти кои добиле откуп. Напротив неговиот концепт е образложен како „проблематичен со интерполацијата во постојното урбано ткиво“.

Под кои од овие услови Вангел Божиновски добил право да учествува? Не е ни во наградените, а никој не знае кој е тој објект од музејски или монументален карактер што тој го испроектирал или изградил, и според кои критериуми некој проект би се прогласил за "проект од монументален карактер".

Понатаму, спорно е, исто така, за што и самиот автор несакајќи признава, дека тој учествувал на повторениот конкурс со сосема истото решение од првиот, само што во вториот дел условите биле променети, а неговото решение сосема се вклопувало во новите услови, па не морал ништо да менува. За дискусија е и блискоста на првонаградениот со сегашната власт и неа не ја коментираме, но многу симптоматично е тоа што министерството чудесно ги менува условите според проектот на сега првонаградениот, со што му се овозможува да добие прва награда во негова игра, со негови услови.

Да не споменуваме дека конкурсот морал да биде анонимен, значи не смеело да се знае чии трудови се пристигнати додека не се заврши жирирањето. На ова авторот одговара:

"Не можат да обвинуваат дека конкурсот не бил анонимен бидејќи комисијата веќе го видела мојот труд. Јас имам препознатлив стил и израз и членовите на комисијата можеле да го препознаат мојот проект и првиот пат."

Прочитајте повеќе во онлајн изданието на Дневник.

Иако не би сакале да се дефокусираме од темата, сепак мора да се каже дека Министерството за култура не успеа да истурка ни еден конкурс во кој ќе биде се чисто. И покрај тоа што речиси во ниеден од конкурсите не се одлучи да додели прва награда, затоа што конкурсните трудови никогаш не ги задоволуваа условите и барањата, овојпат и покрај дискутабилното решение, беше доделена само една награда – и тоа прва. Исто така сомнителни се и спроведувањето на конкурсот за Театарот, конкурсот за Градска Куќа, конкурсот за Музеј на ВМРО и жртвите од комунизмот, филхармонијата…

За жал, ова е најлошото решение што би можеле да го добиеме од гореспоменатите.

Овој труд претставува една несреќна комбинација на форми и стилови (а најверојатно и на бои) кои никој до сега не се обидел да ги искомбинира.

Непотребно нагласениот наративен пристап – стара Македонска куќа (за што еднаш Скопје се изгорело, со стоковната куќа Мост) и тоа верувале или не со дворче со авлија(!) пред која Мајка Тереза би требало да изгледа како да е застаната пред порти(?!) е сосема излишен и апсолутно нема никаква потреба од претставување на македонската куќа на такво јавно место, кое целосно ќе ја деградира околината затоа што е вон контекст со сите објекти околу.

И без разлика на овој пристап со стара македонска куќа, тука не се претставува старата македонска архитектура, туку се претставува карикатура од македонската куќа која никогаш немала кружни скали со метална хромирана ограда и чардак кој не личи на ништо традиционално. Наивниот пристап со сецесионистичко тетовирање на фасадата со Ешерова текстура (која многу наивно авторот ја „позајмил“ затоа што најверојатно го потсетувала на нешто религиозно) со риби и птици уште повеќе го упропастува и така веќе очајното решение.

Дали имаме потреба од чувство дека сме во Мариово кога се наоѓаме во центарот на главниот град на Македонија? Или се враќаме во 19-от век?

На таа катастрофална интерпретација на стара македонска куќа авторот додава и одредена индиска форма на куќа со венец кој најверојатно ќе биде во сина боја (облеката на Мајка Тереза) со бели траки што би потсетувало на нејзиниот живот во Индија.

На овие два чудесни споја авторот не застанува тука и монтира уште камена кула која би требало да потсетува на онаа пред АРМ, но во катастрофална интерпретација и пропорција со некаква топка одгоре.

За да сè досега не изгледа како да е напишано во афект, нема да го коментираме столбот со топка како капител, ниту бунарчето во дворчето, ниту дупката, ниту лустерот во ентериерот…

Како целина, проектот е најголемо промашување. Како е возможно прво така дрско да се пристапува кон контекстот на локацијата и да се реагира така нихилистички? А уште пострашно е тоа што и самите елементи во проектот се негираат еден со друг!

И конечно, каде е одразот на времето во кое живееме?

Она што дефинитивно сметаме дека авторот треба да го сфати е тоа што архитектурата никогаш не ги пренесувала работите така наративно. Симболика секогаш постоела, но таа никогаш не била пред формата и функцијата, како што е во случајов (ако може да се зборува за некаква јасна форма и функција). Тажно е што авторот до сега тоа не го сфатил и што треба тоа да му го кажат група студенти по архитектура.

Доколку ние не сме во право како студенти, тогаш  да се најдеме заедно со продржувачите на проектот (доколку ги има) и да извлечеме референци јавно, што е нормана постапка во вакви ситуации низ светот.

Ако некој конкурсен труд не им се допаѓа на граѓаните, тој оди на јавни расправи и дебати, одлучува народот и поради таа одлука тој не се гради. Како пример би можела да се наведе одлуката на граѓаните на швајцарскиот град Базел, кои гласаа со чисто мнозинство против градбата на Заха Хадид, една од најдобрите светски архитекти. Хадид победи на конкурсот за проект на концертна сала, но швајцарската традиција вели дека народот го има последниот збор кога се работи за големи проекти кои инволвираат јавни трошоци. 62.6% од гласачите гласаа против овој проект.

Значи сеуште не е доцна и ништо не е решено!

Исто така свесни сме дека е неетички да се зборува за туѓ проект, но ова е до толку дрско од страна на авторот, комисијата и министерството, што ни ја дава таа слобода да реагираме на ваков начин. Доколку сметате дека не сме во право и не се согласувате со нас, слободно можете да го образложите вашето мислење на форумот на 365.com.mk.

Треба ли да спомнеме дека со наши и ваши пари во Скопје се гради нешто што изгледа инфантилно и грдо, и дека глетката што ќе ја имате додека пиете кафе на улица Македонија ќе биде куќата на д-р Франкенштајн?

Време е сите ние да реагираме. Потпишете ја оваа онлајн петиција!
(во Comments ве молиме внесете го бројот на вашата лична карта)


Група студенти од
Архитектонски факултет – Скопје

- Реклама -