Детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ вечерва со почеток во 17 часот ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“. Организаторите од „Прагма“ продукција најавуваат дружење, забава, музика, танцување и други изненадувања за децата.
-Петар Пан во новогодишно руво ќе го фрли златниот прав на чудата, а Дедо Мраз ги повикува сите деца ама и оние што не сакаат да пораснат да не ја пропуштаат оваа неверојатна претстава, велат од продукцијата.
Оттаму информираат дека сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се дело на Ирена Лозинска, за музиката се погрижи Владимир Дојчиновски, додека децата од Балетското студио – Арт Балет ќе настапуваат со нивните танцови.
Билетите можат да се купат на продажните места на Розе Веро 2 , и преку онлајн на „KUPIKARTA.COM“.