Доколку мислите дека сите мажи се исти кога станува збор за орално задоволување, размислете уште еднаш. Постојат пет типа на мажи, кои различно ја задоволуваат жената.
Тој кој избегнува
Има такви кои ама воопшто не се заинтересирани да задоволат жена орално. Можеби не е добар љубовник или пак имал лошо искуство, но на тој тип мажи никогаш нема да му текне на тоа, а не пак да го направи!
Трговец
ВО главата на овој маж му се мота ценкање. Тоа што го сака ќе го купи со услуга. Но таа услуга нема да биде квалитетна, па затоа овој тип на мажи започнуваат импулсивно но после 2 минути престануваат со оралниот секс и очекуваат вие да продолжите со играта!
Бубалица
Овој тип на мажи одма се фрлаат на работа и навистина се трудат. Но најчесто бубалицата не разбира колку е интимен овој момент за жените, па тоа го прави “според книга” и без многу чуства.
Секс машина
Кога станува збор за орален секс, овој тип е Проф. Др. Орал Секс. Тој секогаш знае како се прави тоа. Многу добро ја познава женската анатомија и има многу пракса. Но најчесто овие типови мажи неможе да се задржат во врска.
Еволуиран љубовник
Е ова е мажот кој сите го баравте. Неговата поврзаност со жената не се состои само од физичка поврзаност, туку е многу подлабок. Неговата единствена цел е вистински да ја задоволи неговата жена. Фокусиран е само на неа и нејзиниот оргазам.