Да се направи свечена фризура можеби ви делува комплицирано, но со малку креативност и вешти раце, тоа е можно за само неколку минути.
Романтични, елегантни, разбушавени… Фризурите го дополнуваат севкупниот впечаток и е најважен детал за секој посебен настан. Ви претставуваме видео инструкции за како да направите свечена фризура без мака.
1. Романтична „Bohemian Style“ плетенка
Боемскиот стил се однесува на фризури кои се индивидуални, романтични и со слободен дух. Оваа многу едноставна фризура е идеална за неформални свечени прилики и совршено се вклопува со романтична облека.
2. Едноставна женствена пунџа
Оваа е можеби една од наједноставните, а сепак е високо софистицирана фризура, која можете да ја носите во сите прилики. Ако не сакате да експериментирате, и немате многу време за фризура, оваа едноставна женствена пунџа можете да ја направите за само неколку минути, дури и ако воопшто не сте вешти во тоа.
3. Француска плетенка и пунџа
Комбинацијата на француска плетенка и пунџа е апсолутен хит во последниве години. Ако знаете да направите француска плетенка, оваа фризура ќе ви биде многу едноставна, а со неа не можете да згрешите, без оглед за какво специјален настан станува збор.
4. Ниско репче на страна
Едноставено, ниското репче на страна може да изгледа многу елегантно, а не бара многу вештина. Ако сакате да бидете сигурни дека вашата фризура изгледа добро, ви предлагаме да се одлучите за оваа едноставна, а многу симпатична опција.
5. Пунџа и плетенка за неформални настани
Ако барате свечена фризура за неформални настани, ви носиме неколку предлози како можете да изгледате многу елегантно, ни и опуштено. Едноставната пунџа и плетенка се добар избор доколку се работи за помалку свечен настан, кога не сакате да претерувате со комплицираните фризури, но сепак сакате да изгледате посебно.