Пет совети за блескава и миризлива кујна

Доколку вашиот ладилник мириса непријатно, лесно ќе ја неутрализирате миризбата доколку во него ставите шолја со прашок за пециво.
Во срцето на домот е најпријатно, но баш поради тоа многу е важно главниот елемент – кујната, да биде чист и уреден.

Погоре наведениот трик со ладилникот е многу функционален, а прашокот можете да го замените со нов после два месеци.

Исипете прашок за пециво по работ низ кој се движат и собираат мравки, па истите брзо ќе се повлечат.

Мирисот што се шири од варење на зелка, брзо ќе се неутрализира доколку му додадете лажица оцет.

На кристалните и стаклените садови ќе им го вратите сјајот, доколку пред миење ги истриете добро со мешавина од еднква количина на оцет и изрендан сиров компир. Садовите измијте ги со млака вода, и веднаш потоа избришете ги со памучна крпа.

Во алуминиумските садови што поцрнеле од употреба сварете кората од јаболка и садовите ќе ја вратат првобитната боја.

- Реклама -