Пет совети со кои ќе го продолжите траењето на парфемот на кожата

Парфемите се скапо „задоволство“, па треба добро да се чуваат и да се користат на правилен начин и со мерка.

Наместо да „се бањате“ во скапи мириси, изберете дискретен пристап, и овие совети кои ќе ви помогнат да го продолжите времетраењето на парфемската нота на кожата.

1. Чувајте го на соодветно место

Со цел парфемот да го задржи својот оригинален мирис треба да се чува на темно, суво и ладно место. Наместо да го чувате во влажна бања, одберете соодветно место далеку од извор на светлина и топлина, како некој агол од собата или плакарот.

2. Нанесете го по туширањето

Кожата подобро го апсорбира мирисот на парфемот ако го нанесете на кожата веднаш по туширањето или бањањето, односно ако го аплицирате на кожа со отворени пори. За време на туширањето не користете средства за миење со силни мириси, бидејќи тие ќе го намалат „мирисот“ на парфемот кој ќе го ставите потоа.

3. Хидратизирајте ја кожата пред нанесувањето на парфемот

Кожата подобро ви впива мирисните ноти од парфемот ако го нанесете на хидратизирана кожа. Пред нанесувањето на парфемот намачкајте го телото со млеко, лосион или слични препарати за нега на кожата. Обидете се да купите средство за нега без (силни) мириси, бидејќи тие можат да направат контраиндициран ефект на парфемот.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Четири совети парфемот да ви трае подолго

4. Нанесете го парфемот на вистинското место

Дали знаете каде треба да го ставите парфемот за да „испушта“ од својот мирис во текот на целиот ден? Каде и да се чувствувате таму: зад ушите, на вратот, на зглобот од раката, зад колената, па дури и на зглобот на нозете.

 

Не ги тријте овие места по нанесувањето на парфемотм туку оставете да се исуши самото. Ако пак сакате со парфемот да ја „намирисате“ косата- нанесете малку од парфемот на чешел, и со тоа пројдете низ косата. Директното нанесување на парфем на косата ја суши истата и ја прави кршлива.

5. Купете парфем со посилна база

Парфемот ќе трае подолго ако изберете шишенце со силни базични состојки како пачули, ванила, машус и бор. Станува збор за посилни мириси кои подолго се задржуваат на кожата, па не заборавајте да го вклучите и овој фактор во предвид следниот пат кога ќе одите во шопинг на парфем.

 

- Реклама -