Пет работи кои им се поважни на жените отколку големината на гордоста

Големината и либидото се две сосема различни нешта.

И додека мажите сонуваат за два-три сантиметри повеќе, жените сакаат да бидат задоволени за што е потребна сексуална кондиција и издржливост. Ако сакате да најдете силен маж важно е да читате меѓу редови и да ги препознаете знаците за плодноста и силата на либидото. Ви претставуваме 5 факти кои ќе би помогнат да го препознаете вистинскиот „пастув“.

1. Пивскиот стомак

Иако многу жени ќе речат дека стомакот кај мажите е многу секси, бидете внимателни затоа што преголемиот стомак е поврзан со висината на тестостеронот, машкиот хормон кои е одговорен за либидото. Мастите околу половината значително влијаат врз либидото, особено кај мажите над 30 години.

„Тестостеронот е како горивото кое го придвижува автомобилот. Ако е низок тоа значи дека има премалку гориво што се манифестира со умор, безволност и недостаток на сексуална желба и намалена плодност“, објаснува д-р Хари Фиш, автор на книгата „Size Matters“.

2. Физичката активност

Ако сексот во вашиот живот е на многу високо на листата на приоритети, за вас секако е физички активен маж. Припадниците на посилниот пол кои учествуваат во спортски или други физички активности имаат повисоко ниво на машки хормони, а со тоа и поголемо либидо.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Тестостеронот е потребен за зајакнување на мускулната маса, па ако вашиот маж може да се пофали со силни и секси бицепси, сигурно неговата сила ќе може да ја покаже и во сексуалната издржливост.

3. Паметно забавување

Големите количини на алкохол како и пушењето во голема количина влијаат на машкото либидо. Пушењето ги стеснува крвните садови, што значи послаб проток на крвта во машкиот полов орган што може да предизвика проблеми со ерекцијата.

Истиот ефект го има и големите количини на алкохол, во кое се увериле многу жени.

4. Големината на тестисите

За долгорочниот сексуален потенцијал на вашиот партнер можете да дознаете со помош на неговите тестиси. Нормалните димензии се колку големина на орев. Ако се помали (на пример, колку големина на цреши), тоа би значело дека имате причина за загриженост. Помалите тестиси значат и помалку семе.

5. Должината на сексот

Просечната должина на сексуалниот однос е две минути, а се тргнува од тоа (освен страсниот секс на брзнинка) дека се смета за прерана ејакулација. Истото важи и за мажите на кои им е потребна цела вечност. За предолгиот секс е одговорна и премногу честата мастурбација, како и лековите како што се антидепресивите. Средината е секогаш најслатка.

- Реклама -