Кога се во прашање боите и уредувањето на домот, некои правила дефинитивно треба да се прекршат затоа што и не секогаш имаат многу смисла.
Светли бои на зајдисонце во собата
Мит: Микс на светли бои како портокалова, розова и жолта, треба да се избегнуваат затоа што се спротивставуваат една на друга и може да го направи просторот неудобен.
Реалност: Овие бои и сите нијанси на овие бои се наоѓаат заедно и во природата, што значи дека тие се надополнуваат убаво едни со други.
Дневната соба е поделена во зони
Мит: Шарени ѕидови се дозволени само ако е тоа на еден ѕид во просторијата. Пожелни се симетрични дизајни.
Реалност: Во една просторија само можат да се прекршат многу правила, а оваа фотографија е доказ. Погледнете како одлично се поклопуваат шарениот тапет и тепихот со бело-сиви ленти, и тоа поставени во две различни насоки!
Црна и сина во дневна соба
Мит: Црната и сината не одат заедно. Никогаш!
Реалност: Често гледаме како манекенките на пистите носат облека чии бои не одговараат заедно, но сето тоа е прашање на тренд. И ако дизајнерите комбинираат сина и црна облека, нема причина за да не ја комбинирате и во вашиот дом.
Сино-зелена трпезарија
Мит: Сина и зелена никогаш не треба да стојат заедно.
Реалност: Многумина мислат дека овие две бои се најголеми непријатели, но со оглед на тоа дека зелената боја се состои од сина и жолта боја, тоа и нема многу смисла. Но тоа не значи дека не постојат граници кога станува збор за комбинирање бои, умереноста е клуч.