Пет правила со кои повеќе нема да имате жолти заби

Правилната хигиена на усната шуплина опфаќа миење на забите по секој оброк, но многу често четката за заби имаме услови да ја користиме само наутро и навечер. Но, постојат одредени прехранбени навики кои може да помогнат вашите заби да ги одржувате бели:

1. Пијте чај

Црниот и зелениот чај содржат антиоксиданси кои го ублажуваат таложењето на жолти наслаги на забите и ја намалуваат можноста од создавање на кариес.

Teamisswallflower.tumblr.com_

2. Избегнувајте јаглехидрати во меѓуоброците

Чипсот им штети на забите еднакво како и едно парче торта. Сите јаглехидрати се претвораат во едноставни шеќери кои пак се претвораат во бактерии заслужни за создавање кариес.

3. Пијте со сламка

work.2023092.2.flat550x550075f.drinking-straw

Повеќето сокови и енергетски пијалоци, дури и оние диеталните без шеќер, содржат цитрусна и фосфорна киселина што ја уништиваат забната глеѓ. Ако пиете со сламка пијалокот ќе го внесете во задниот дел на грлото и ќе биде во минимален допир со забите.

4. Внесувајте што повеќе витамин C во организмот

Витаминот C е еден од најефикансите витамини кој меѓу другото го одржува здравјето на непцата. Оние кои дневно внесуваат помалку од 65 милиграми витамин C, на пример еден портокал содржи 80мг од овој витамин, се поподложни на болести на непцата од оние кои редовно конзумираат намирници со овој незаменлив витамин.

5. Внесувајте барем 800мг калциум дневно

calcium-food

Дури 99 проценти од внесениот калциум во телото отпаѓа на забите и коските. Оние кои конзумираат помалку од 800мг калциум дневно се под поголем ризик од болести на забите. Калциумот помага забната коска да остане цврста.

- Реклама -