Пет паметни начини да се справите со мали ентериери

Нема простор? Нема проблем!
Одржувањето на помал дом во „пиц-пец“ состојба, а, исто така да се максимизира неговата функционалност не мора да биде тешка задача. Со следење на неколку клучни правила за тоа како најдобро да се искористи просторот кој ви е на располагање, лесно е да се направи вашиот дом пријатен и удобен. Ова се триковите со кои ќе добидете најмногу од мал простор во ентериерот.

1. Одлучете се за слоеви

Обидете се да создадете „зони“ за да ги исполните вашите различни потреби. Кевет или работна маса на кат се совршени примери за поделување на просторот во една соба на слоеви, каде иако се во иста соба тие се психолошки одвоени едни од други.

1

2

3

4

5

6

7

8

2. Одлучете се за мебел на преклоп

Инвестирање во мебел кој се трансформира според вашите потреби и време од денот е одличен начин да се зголеми просторот и да создаде илузија на луксуз. Исто така, голема корист од трансформациониот мебел е тоа што, поради неговата постојана употреба на расклопување и заклопување, не собира прав и веројатно никогаш нема да ви биде на списокот на пролетното чистење.

9

10

11

12

13

14

15

16

3. Одлучете се за скриено складирање

Вертикалното складирање е едноставно најекономичното користење на просторот, а обично е игнорирано во домовите. Покрај вашите полици од под до таван, обидете се да направите полици окоу прозорците и вратите. Слично на тоа, просторот околу креветите може да биде добро искористен. Се чини речиси контра-интуитивно да се признае ова, бидејќи вкоренето е во повеќето од нас да ги одржуваме нашите кревети достапни и отворени, но позиционирањето на вашиот кревет во ќош или позади вертикална полица не мора да биде детски, ако се направи на вистинскиот начин.

17

18

19

20

21

22

23

24

4. Одличете се за хибриден мебел

Хибридниот мебел не мора да биде наменски изграден- едноставно значи дека секој дел од мебелот во вашиот дом служи најмалку за две функции. Троседот-кревет е очигледен избор, столици кои стануваат маси, трпезарија која може да биде и работна соба, скриени плакари, итн.

25

26

27

28

29

30

31

5. Одлучете се за илузии

Ако ништо друго, постојат трикови за декорирање кои можете да ги употребите за да дадете на вашиот простор да изгледа поголем отколку што навистина е. Користете полесни нијанси на бои и мебел за да создадете понеутрална, смирувачка атмосфера. Избегнувајте голем неред и размислете за поставување на огледало во целосна должина. Максимализирајте ја природната светлина која влегува во вашиот дом, и оддржете едноставност во мебелот и постелнината (без многу перници). Можеби и најважно е да се задржи осветлувањето едноставно, ефикасно и модерно.

32

33

34

35

36

 

 

- Реклама -