Вазелинот е навистина еден од козметичките производи со најразлични можности за употреба.Веќе знаете дека е одличен за хидратација, нега на сувата и грубата кожа, нега на трепките, усните…но, тоа не е се. Ви покажуваме нови 5 начини на кои можете да го искористите овој корисен производ.
– За да спречите несакан кармин на забите, доволно е на нив да ставите малку вазелин. На овој начин ќе бидете сигурни дека вашата насмевка ќе биде беспрекорна и без траги од кармин.
– Мат сенката ќе ја претворите во кремаста така што ќе ја помешате со малку вазелин.
– Во недостаток од руменило доволно е на рацете да помешате малку кармин со вазелин.
– Ви завршил лосионот за отстранување на шминката? Нанесете малку вазелин на памук и нежно отстранете ја.
– Трагите од фарба на кожата честопати е тешко да се отстранат. Пред фарбањето на косата нанесете вазелин на оние делови од кожата (краевите на лицето и вратот) за потоа лесто да ја отстраните фарбата.