Погодувате ли кои се фазите?
Прва фаза: Кроток и урбан
Тука сè е во рамките на пристојноста, сите се среќни и го почитуваат аристократскиот изглед.
Втора фаза: Ве сакам сите
Кај втората фаза од пијанството се случува да ги сакаме и гушкаме сите. Да не заборавиме дека ова е фазата во која нужно треба да почнеш со полноќните запросувања. Од огромно значење е да ја чуеш во 3 наутро “жената на твојот живот”, или некој друг кој спаѓа во опсегот на емоционални надразнувања.
Третата фаза: Модрици
Силно разочаран дека „љубовта на твојот живот“ не одговара на полноќниот повик, одлучуваш дека треба да го освоиш подиумот и да флеруваш со секоја една жена во локалот. Сепак, во оваа фаза, ти си најголемиот.
Четврта фаза: Пад
Тоа е оној момент во кој двајца здрави момчиња изнесуваат „мртво тело“ на улицата.
Петта фаза: Покајание
Ова е последната фаза од пијанството. Најчесто се случува наутро.