„Finance Central Europe“ ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ Банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал.
„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ Банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ Банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме Банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.
„Finance Central Europe“ e реномиран финансиски магазин кој веќе 23-та година по ред ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе критериуми. Наградите од „Finance Central Europe” се доделуваат врз основа на прецизно финансиско рангирање што се темели на професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.
НЛБ Банка Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија. Таа е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од нејзините најголеми и најуспешни банки, со постојан тренд на раст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па сѐ до денес.
* Комерцијален текст