Пет начини за едноставен живот

„Едноставноста е највисоката форма на софистицираност” 

Леонардо да Винчи
Животот не e сложен – ние сакаме да го направиме таков, пишуваат блогерите Марк и Енџел Черноф, и нудат неколку начини да почнеме да живееме поедноставно.

1. Учете лекции од минатото

Грешките од минатото можат да ве научат да создадете одлична иднина, не да ве натераат да се плашите од неа. Не ги носете со себе. Наместо тоа, користете ги како камења, на кои што ќе газите. Не жалете за ништо. Ако нешто е добро, одлично. Ако не, тоа е искуство. Успехот не се мери по тоа каде сте во даден момент, туку колку сте научиле и колку пат сте изминале, за да стигнете дотаму .

2. Стремете се да бидете продуктивни, а не зафатени

Немојте само да ја вршите работата – градете вистинските нешта. Резултатите секогаш се поважни од времето што ви е потребно да ги постигнете. Застанете и запрашајте се дали тоа што го работите, вреди да трошите енергија.  Чекорите ли во насоката кон која што ги стремите целите? Не се обврзувајте за неважни работи, дури и да изгледаат итни, освен ако не се важни за вас.

3. Оставете ги работите да бидат несовршени

Насмевнете се секогаш кога можете. Не затоа што животот е лесен, идеален, или токму таков каков што сте очекувале, туку затоа што сте одбрале да бидете среќни и благодарни за сите добри работи што ги имате, и за сите проблеми, кои ги немате. Треба да го прифатите фактот дека животот не е совршен, дека луѓето не се совршени, и дека вие не сте совршени. И тоа не е проблем, бидејќи вистинскиот живот не наградува совршенството. Тој ги наградува луѓето кои што прават добри нешта. И единствениот начин да правите добри нешта е да бидете несовршени  99% од времето.

4. Ослободете се од непотребната драма и луѓето кои ја создаваат.

Никогаш не креирајте излишен драматизам и не се дрвижете во круг на  луѓе кои го прават тоа. Избирајте пријатели кои се гордеете да ги познавате, луѓе кои што ви се восхитуваат, луѓе кои ве сакаат и почитуваат – луѓе кои го прават денот малку полесен само со тоа што дел од него. Немојде да бидете постојано со негативните луѓе, бегајте од нив! Животот е премногу краток за да го поминувате со луѓе кои ви ја стегаат среќата.

5. Заборавете што мислат другите, и што сакаат да бидете

Една од најголемите слободи е едноставно да не ви е гајле што мислат сите други за вас. Понекогаш едноставно мора да излезете надвор, да си земете малку воздух, и да се потсетите кој сте и што сакате да бидете.  Ризикувајте. Не оставајте малите умови да ве убедат дека соништа ви се премногу големи. Не се.

- Реклама -