Пет митови за алергиите кои веднаш треба да ги фрлите во ветер

Оваа година бевме пречекани од рана пролет која, со својата природна убавина, ни донесе и кашлица, потечени очи и црвени носеви.

Со толку митови и суеверија поврзани со ублажување на алергиските реакции, тешко е да се снајде и пронајде најдобриот начин за борба против досадните алергии. Ова се најчестите неточни „виситни“ и совето кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете овој период од годината.

1. Мит: Витаминот Ц е корисен кај алергиите

Вистина: Високото ниво на витамин Ц може да го намали нивото на хестамин во телото. Иако овошјето е богато со витамини, бидете внимателни ако сте склони кон алергии затоа што некои овошки, како што се јаболката, бананите, праските и сливите во големи количини може да предизвикаат иста алергиска реакција како и поленот или одредени видови на трева. Затоа, ако сте чувствителни, ставете го овошјето во микробранова печка на 10 секунди за да ги деактивирате протеините. Пред јадење секогаш лупете ја кората.

2. Мит: Хипоалергиските раси на кучиња нема да ја влошат состојбата

Вистина: Овие раси на кучиња помалку се митарат и имаат помалку првут. Но, она што предизвикува алергија не е влакното туку протеинот кој се наоѓа во крвта на кучето, кој се излачува од кожата со потење. За жал, не постојат научни докази дека овие раси на кучиња произведуваат помали количини на овој протеин, па секогаш по играта со вашиот миленик добро измијте ги рацете со сапун и топла вода.

3. Мит: Нема прашина, нема алергии

Вистина: Сите ја знаеме старата изрека „Чистотата е половина здравје“ и секако треба да се задржи. Сепак, малата изложеност на нечистотија и бактерии е на некој начин здраво бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем.

4. Мит: Перницата штити од прашински грини

Вистина: Ако не сте ја измиле перницата повеќе од три години, треба да бидете свесни дека нејзината тежина во меѓувреме се зголемила бидејќи е преполна со прашина и грини. Затоа, подобро е да се одлучте за хипералергични перници со додатна заштитна навлака со патент. Навлаката треба да ја перете најмалку еднаш неделно, и се препорачува перење на перницата најмалку двапати годишно.

5. Мит: Освежувачите на воздух го прочистуваат воздухот

Вистина: Освежувачите на воздух содржат многу штетни хемикалии за оние кои страдаат од алегии, како формалдехид, хафтени дестилати и алкохол. Наместо вештачките освежувачи на воздух, подобро запалете свеќа која содржи природни етерични масла или обидете се со хипоалергични спрејови врз основа на етерични масла.

- Реклама -