Пет факти што хипиците не сакаат да ги знаете (за Вудсток)

a557028f0d98dbb8e05af8f51c6b7900[1]

Пред едно 50-тина години, половина милион луѓе се собраа на три дена за да го слават мирот, љубовта и да ги пропафтаат интимните делови  над калта прекриена со хашиш, во место наречено Вудсток.

Општата раја го знае настанов во форма на мит, само преку фотографии и меланхолични документарци. Време е за малку факти.

5. Вудсток беше за пари

niyRzH5[1]

Ако нешто мразат хипиците, тоа е војна. Ако хипиците мразат две нешта, тоа се војна и правење ствари за профит. Знаејќи дека парите и потерата по нив се криптонит за „децата на цвеќето“, можеби ќе ви делува малку шокантно што концертот што ги одбележа 60-тите всушност го влече потеклото од желбата на неколку костумосани фаци да направат пари, и тоа не пари за Тибет или за децата во Африка, туку за во џеб. Во март 1968, Џон Робертс – наследник на аптека, и Џоел Розенман – дипломец на Јејл, го објавија следниов оглас:

„Млади мажи со неограничен капитал бараат интересни, легитимни инвеститорски прилики и бизнис предлози“;

… и тоа во најнехипичките весници на сите времиња – Wall Street Journal и New York Times. Ова беше пред да постои интернет, па поминаа без спам од геј-ескорт службите, кои денес би изреагирале на клучните зборови „мажи“, „интересни“ и „предлози“. Наместо тоа, Робертс и Розенман беа контактирани од извршниот директор на Capitol Records – Арти Корнфелд, и од промотерот на хипи концерти – Мајкл Ленг, со идеја да основаат музичко студио во Вудсток, Њујорк. Кога таа идеја не се оствари, овие првиве костумосани добија идеја да одржат тридневен музичко-уметнички фестивал. Билетите во продажба беше планирано да чинат 18 долари ($105 денешни!), а на врата – 24 долари.

Иако тој план баш и не им се оствари, првичната замисла беше да заработат тон пари, на грбот на младите љубители на музиката од средната класа.

Формирајќи ја компанијата Woodstock Ventures, четворицата засукаа ракави да направат список од настапувачи кој ќе донесе доволно „овци“ за да истрижат голем профит. Се надеваа дека ќе соберат 250.000 хипици, а со цена од 100+ долари по билет, тоа е и те како добра бизнис прилика.

4. Промотерите лажеа со цел концертот да се одржи

2862[1]

Штом тројцата бизнисмени и жедниот за пари хипик се согласија дека тридневен фестивал е најдобриот начин да се наполнат со пари, почна ловот по соодветна локација, што одеше малку тешко, бидејќи никој не сакаше илјадници надувани, контра-културни потенцијални револуционери на својот имот.

Па така, промотерите почнаа да ветуваат луди ветувања, од типот на тоа дека „ќе има само 50.000 публика“ или дека „знаат што прават“.

Во пролетта 1969, Woodstock Ventures го изнајми Mills Industrial Park во Валкил, Њујорк, како предложена локација за фестивалот. Луѓето од гратчето поднесоа и донесоа „без хипи концерти овде“ закон, точно еден месец пред планираниот почеток на фестивалот.

Официјалната причина за забраната на Вудсток беше тоа што официјалните лица на градот имаа основани сомнежи дека Ленг и компанија не баш добро ги испланирале нештата за да можат да згрижат 50.000 луѓе.

Па така, четворицата продолжија да бараат. Им пријде Елиот Тајбер од Бетел, Њујорк, со понуда за неговиот имот од 15 акри. „Премногу мал“, одбија четворицата, по што Тајбер ги поврза со извесен Макс Јасгур – фармер со плац од 600 акри. Јасгур се сретна и потпиша со бизнисмените – потпиша со услов да му бидат платени 75.000 долари, за публика од 50.000.

Бројката од 50.000 е особено важна. Како прво, во тој момент, веќе имаше продадено 150.000 карти за концертот. Како второ, промотерите огласуваа на ТВ и радио и ги канеа луѓето ширум земјата, со надеж дека ќе соберат 250.000 хипици. Како трето, дојдоа дупло повеќе.

3. Музичарите на Вудсток ги интересираа само парите

hendrix-live-woodstock1[1]

Само затоа што организаторите беа банда алчни промотери, тоа не значи дека поентата на Вудсток не беше да се смени светот преку музика, нели? Сепак, момците како Џими Хендрикс и Грејтфул Дед не беа таму за платата, човече, нели? Паа…

Неколку настапувачи, меѓу кои и The Who, одбија да настапуваат без претходно да им биде платена добра сума пари.

Преку целата пролет во 1969-та, промотерите на Вудсток се потепаа да потпишат настапи со големите музичари. Без ниту едно големо име, немаше да се појават ни други големи имиња. Се најдоа во ќорсокак, од кој излегоа кога Creedence Clearwater Revival се согласија да настапат за огромни 10.000 долари (или 11.500, зависи кого прашувате). Со тотален буџет од 180.000 долари за настапувачите, Мајкл Ленг постави горна граница од 15.000 долари по настапувач, било да е големо или мало име. За Ричи Хејвенс, Џоан Баез и Џенис Џоплин, тоа беше доволно. Не и за Џими Хендрикс.

Хендрикс немаше план да свири на таков нискокласен настан откако заработи 150.000 долари од само еден концерт, порано летото. На крајот, Ленг успеа да го убеди Џими да настапи за 26.000 долари – двојно повеќе од било кој друг настапувач. На поплаките на другите алчни за пари настапувачи (Jefferson Airplane), Ленг се правдаше дека Џими всушност ќе има два сета за време на фестивалот. СПОЈЛЕР АЛЕРТ: Не, нема. Во договорот на Хендрикс јасно стоеше дека го затвора секое шоу на кое ќе настапува. Секогаш.

Сите тие муабети за мир, љубов и музика за сите? Паднаа во вода кога настапувачите од втората вечер (Џоплин, Grateful Dead и The Who) ги информираа Ленг и компанија, во 11-тиот час од почетокот на концертот, дека нема теорија да настапат ако не им биде платено унапред. Стварно бе, мировничките анти-капиталисти Грејтфул Дед одбија да ги допрат инструментите, пред да осетат пари во џебот.

Ungrateful live and kicking
Ungrateful live and kicking

Во меѓувреме, имаше 500.000 гладни, испотени, дехидрирани, калливи бунтовници во публиката. Ако престанеше музиката, лесно можеше да почне распадот на цивилизацијата, токму од тоа место. Затоа Woodstock Ventures брцна подлабоко во џебовите, каде што се покажа дека имаат залиха од 1.25 долари. Па затоа замолија локален банкар да им даде заем, нудејќи го милионот долари на штедната книшка на (види мајката, богатиот) Робертс како гаранција. Чичкото банкар се согласи и некако магично успеа да се одвезе до банката, со оглед на тоа дека патиштата во радиус од 16 километри околу концертот изгледаа вака:

2852[1]

Така банкарот изброја кеш, радо прифаќајќи го личниот чек на Робертс, потпишан на „50 или 100 илјади долари“, и со тоа го спаси концертот од комплетно фијаско предизвикано од штрајкот на бендовите во „5 за 12“.

2. Здравствената и безбедносна логистика на 500-те илјади луѓе беше речиси целосно игнорирана

2858[1]
Се претпоставува дека оваа фотографија е снимена непосредно откако фанот во фокусот се олеснил.

Замислете сценарио по голем ураган: жешко, влажно, стотици илјади луѓе без доволно храна и вода. Сега замислете го Џо Кокер како пичи блуз во позадината. Та-да, штотуку бевте на Вудсток.

Ај пак за бројките. Од почетокот, Ленг планираше 250.000 посетители на фестивалот – т.е. околу 3 пати повеќе од неговиот најголем организиран концерт дотогаш – Мајами Фестивал. Со други зборови, човекот беше во фрка уште од сам старт. Луѓето од Валкил, пак, одмавнаа со главите со згрозеност кога ги видоа санитетските планови на Woodstock Ventures за 50.000 луѓе.

Со оглед на тоа дека Ленг тајно очекуваше пет пати повеќе од планираното, дека плановите за вециња му беа срање, и дека дојдоа 10 пати повеќе од очекуваните, супер е што Вудсток не заврши со тепачка со измет, макар што тргна натаму – имаше по -3 тоалети на секои 10.000 публика, а силниот дожд почна да го претвора вишокот на дигестивни остатоци во една голема супа од гомна.

2856[1]

Но, проблемите беа поголеми од изметот на 500-те илјади хипици. Сообраќајот почна да се натрупува уште на пет дена пред почетокот на концертот. Илјадници автомобили стоеја напуштени во радиус од 30-тина километри од фармата на Јасгур – младите се откажуваа од возење и решаваа пешки да стигнат на концертот. Локалните жители беа заробени во градот. Настапувачите мораа да бидат донесени со хеликоптери, а за да биде уште поиронично, тоа најчесто беа воени хеликоптери.

2859[1]

Патем, се сеќавате на идејата да се продаваат билети на врата? која врата? И вратата, и оградата, и сите обележја на било каков имот што спречуваше Вудсток да стане достапен за било кој жив поминувач – беа срамнети со земја уште во раниот почеток на концертот.

И не само што хипиците и локалните беа заробени во куп гомна, и метафорично и буквално, во Вудсток, туку организаторите сериозно лошо ги испланираа потребните намирници за тридневен престој на фарма. Храната се потроши многу рано, а камионот што носеше „допуна“ беше пресретнат и ограбен од група хипици што не беа хипи и чил и мирољубиви.

Уште во петокот, ПРВИОТ ден од фестивалот, Woodstock Ventures немаа веќе храна. Тогаш некако магично најдоа образ да побараат сендвич-донации од соседите (локалните жители), и тоа 750.000, ако не им е тешко. На дел од нив им падна жал за гладните деца што им беа дојдени на гости, па направија сé што можеа за да помогнат. Локалната еврејска заедница, на пример, потроши 200 векни леб, 18 кила месо и околу 18.5 кила кисели краставички. Храната беше носена со летала што полетуваа од блиската воена база. Сепак, во тие моменти, хипиците веројатно не беа тангирани од тоа што нивните комунистички „бесплатно за сите“ идеали се материјализираа во форма на сендвичи со краставички доставени од воени лица.

1 . Имаше и жртви

2863[1]

За волја на вистината, „само“ тројца: еден со пукнато слепо црево, друг од предозираност од хероин, и 17-годишник прегазен од трактор.

Пукнатото слепо црево е стварно несреќна околност. Предозираниот 18-годишник беше воен ветеран од Виетнам, кој скина конци во импровизираната клиника поставена во школото близу имотот на Јасгур.

Имаше и стотици други медицински случаи, во кои млади луѓе се појавуваа со длабоки посекотини на стапалата. Други беа привремено ослепени од сонцето.

Сепак, најцрна дамка остана мистериозната смрт на 17-годишникот кој задремал во калта, во вреќата за спиење, индифирентен кон вревата, вибрациите и ауспухот на тракторот што го прегазил. Возачот никогаш не беше идентификуван, ама па и што можел човекот да направи? Мислам, кога возиш трактор низ Вудсток, кои се шансите да прегазиш хипик?

Ако ништо друго, малиов умрел на Вудсток, за разлика од неговите врсници, кои веројатно ќе умрат од срцеви болести, компликации од дијабетес тип 2, деменција, тумори, запоставеност во староста, самоубиство или СИДА…

- Реклама -