Ако патувате на Филипините, бидете внимателни. Пеењето на песната “My Way” од Френк Синатра може да ве чини вашиот живот. Доколку пак фалширате (на повеќе места во светот), можете да изедете убав ќотек. Оттаму, најбезбедно ќе биде да стоите понастрана од караоке машините, каде и да одите.
Ако патувате на Филипините, бидете внимателни. Пеењето на песната “My Way” од Френк Синатра може да ве чини вашиот живот. Доколку пак фалширате (на повеќе места во светот), можете да изедете убав ќотек. Оттаму, најбезбедно ќе биде да стоите понастрана од караоке машините, каде и да одите.
Она што можеби ви звучи како урбана легенда, по истражувањето од репортерите на Њујорк Тајмс се покажа како вистина. Насилството во светот инспирирано од караоке е во пораст. Во 2008 година еден Малезиец бил убиен во Борнео затоа што не сакал да го отстапи микрофонот. Претходно, во 2007, еден човек во филипинскиот град Сан Матео бил застрелан затоа што започнал да фалшира.
Она што е најинтересно е дека на Филипините, наџија вљубена во феноменот наречен караоке, најмногу гнев предизвикуваат изведбите на песната “My Way” од Френк Синатра. Никој не го поврзува ова насилство со фактот што Филипините се една од најнасилните држави во светот во која има преку 1 милион илегални парчиња оружје, туку сето тоа се припишува на „ароганцијата“ содржана во текстот на песната.
Буч Албаракин, сопственикот на школото за пеење, „Центар за поп“ во Манила, им кажал на репортерите на Тајмс дека оваа песна го буди гневот кај слушателите затоа што текстот е полн со ароганција и препотентност. Пеењето на оваа песна создавала лажен приказ за постигнувања кај оној што ја пее, а во суштина е никој и ништо. Тоа ја подивувало публиката и тие едноставно не можеле да се воздржат.
Но, караоке насилството не е ексклузивно за Азија. Неодамна, еден Британец претепал двајца пејачи и потполно го разбил караоке барот во Бугарија, откако не му се допаднала интерпретацијата на “We Are The Champions” од Queen. [Karaoke In The Philippines How Sinatra’s ‘My Way’ Can Get You Killed]